Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО! Најдобриот хотел на сама плажа Гранд Голд.
Сместување е во хотел GRAND GOLD со 3* на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 4 лица а вкупниот број на соби е 73.Во склоп на хотелот има има два ресторани, еден на отворен и еден на затворен простор и базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење. (ESC)
Во табелата се истакнати редовните цени по лице:
ТЕРМИН |
|
Редовна цена |
1 термин |
04.06.2024 - 11.06.2024 |
189е |
2 термин |
11.06.2024- 18.06.2024 |
199е |
3 термин |
18.06.2024 - 25.06.2024 |
209е |
4термин |
25.06.2024 - 02.07.2024 |
220е |
5термин |
02.07.2024- 09.07.2024 |
230е |
6термин |
09.07.2024-16.07.2024 |
245е |
7термин |
16.07.2024-23.07.2024 |
250е |
8термин |
23.07.2024 -30.07.2024 |
255е |
9термин |
30.07.2024-06.08.2024 |
255е |
10термин |
06.08.2024-13.08.2024 |
255е |
11термин |
13.08.2024-20.08.2024 |
255е |
12термин |
20.08.2024-27.08.2024 |
255е |
13термин |
27.08.2024-03.09.2024 |
255е |
14термин |
03.09.2024-10.09.2024 |
225е |
15термин |
10.09.2024-17.09.2024 |
215е |
16термин |
17.09.2024-24.09.2024 |
189е |
Што е вклучено во цената
Што не е вклучено во цената
Важно
За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
ИСТАНБУЛ
Цена за пакет: 65е
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Овој факултативен излет започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.
БАЛАТ- Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.
ГАЛАТА ПОРТ-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво.
Таксим- Таксим Плоштадот
Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
ШОПИНГ ТУРА
Цена за пакет: 20е
– Капали Чаршија
- Outlet 212
- KOSKA (продавница за слатки работи)
– GLORIA Трговски Центар