Италија – Шпанија – Франција (Превоз: автобус)

Информации

Хотел со 4*. Се наоѓа речиси на 25 минути пешачење од плажата Плаја де Санта Кристина. Хотелот има отворен базен, како и внатрешен базен и вклучува солариум . Опремен е со личен сеф и детектори за чад. Некои од 579-те соби имаат звучно изолирани прозорци заедно со софа и работна маса. За поголема удобност, обезбедени се фен за коса и крпи заедно со посебен тоалет.
Овој хотел во Лорет де Мар има бар со маса за билијард и караоке. Гостите можат да уживаат и во интернационална храна во 3Monkeys лоциран во близина, оддалечен помалку од 5 минути пешачење.
 

Хотел со 3*. Уживајте во широк спектар на атракции за да се запознаете и да го искористите најдоброто од она што го нуди градот. Со својот дизајн во најмодерниот стил на Camp-Life и иновативните области насочени кон релаксирање и уживање во најдобрите достапни услуги: кафуле и рецепција 24/7, моќен Wi-Fi, автомати со закуски, базен со солариум, одмор област, теретана. (RPS)

Галерија

Ценовник и Услови

Хотел 3* Хотел 4*
Термини 1/2 1/2
13.06-24.06 589€ 579€
26.06-07.07 629€ € – Sold out
10.07-21.07 679€ € – Sold out
24.07-04.08 729€ 729€
07.08-18.08 729€ 729€
21.08-01.09 689€ 669€
02.09-13.09 629€ 529€
11.09-22.09 549€ 499€
  • ***ПОПУСТ ЗА ДЕТЕ ДО 12 ГОДИНИ – 50 ЕВРА ***
  • ***ПОПУСТ ЗА 3-ТО ЛИЦЕ ВОЗРАСНО ВО СОБА – 30 ЕВРА***
  • ***ВКЛУЧЕНА ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА, БЕЗ ДОПЛАТИ И СКРИЕНИ ТРОШОЦИ***
  • ***ВКЛУЧЕНА ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА, БЕЗ ДОПЛАТИ И СКРИЕНИ ТРОШОЦИ***
1 Ден – MAKЕДОНИЈА

 

Поаѓање околу пладне од Скопје. Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.

 

2 Ден – ВЕНЕЦИЈА

 

Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.

 

3 Ден – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА

 

Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.

 

4 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА

 

Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полу пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.

 

5 – 9. Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА

 

Полу пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.

 

10 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР

 

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање од Љорет де Мар. Возење кон Франција, Азурен брег со попатни паузи. Пристигнување на Азурен брег и сместување во хотел. Слободно време.Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. Ноќевање во Кан/Ница.

 

11 Ден – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО

 

Појадок. Напуштање на собите и слободно време на Азурниот брег. на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena…По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.

 

12 Ден – МАКЕДОНИЈА

 

Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • * Комплетна организација на патувањето
    * Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
    * Разглед на градовите според програмата
    * 1 ноќевање со појадок во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
    * 6 ПОЛУ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел 3* или 4* (соби 1/2+1)
    * 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Фрејус,Кан/Ница или околина) во хотел 2** ил
    и 3*** (соби 1/2+1)
    * ГРАТИС ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ  НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети
  • Доплата за 1/1 соба – 200€
  • Задолжителна градска такса за регијата Каталонија – во хотелите со 3* – 0.66 € по ноќ/по oсоба, 4* – 1,32€ – се плаќа на рецепција на хотелот.
  • Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите, за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот, хотел 4**** од 4€