Малта | 3 Дена | 11.11.2023 | 299 EUR

Информации

Малта е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море. Трите најголеми и населени острови се: МалтаГоцо и Комино, додека помалите како Филфа, Коминото и др. се ненаселени. Иако Малта геофизички е дел на Северна Африка (лежи на африканската континентална плоча, на југ од Сицилија, источно од Тунис и северно од Либија) ова земја геополитички се наоѓа во Јужна Европа. Малтешкиот е единствениот семитски јазик од афроазиската група на јазици кој се говори во една европска држава. Малта е членка на Комонвелтот, а од 1 мај 2004 г. членува и во Европската Унија. Како таква најмала по површина и број на население во таа организација.

Галерија

Ценовник и Услови

Ден(а)
1
(сабота) | Скопје – Малта

Состанок на групата на скопскиот аеродромот во 18:20 часот. Полетување за Малта во 20:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 21:25 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден(а)
2
(недела) | Малта - Валета - Мдина

Појадок. Предлог - факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta'Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко - катедралата на Свети Јован (St. John’s Co - Cathedral), дом на ремек - делото на Караваџо (Caravaggio) - "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.

Ден(а)
3
(понеделник) | Малта - Гозо

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 - ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Ден(а)
4
(вторник) | Малта - Селото на Попај - Скопје

Појадок. За последниот ден можност за факултативна посета на Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.На враќање можност за посета Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да се забавувате на Градското игралиште на Дедо Мраз, да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе Ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај кој брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година. Во договорено време враќање назад и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 22:40 часот. Слетување во Скопје во 00:20 часот.