Градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така.
1 ден (17.11.2023 - петок) | Скопје - Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:20 часот. Полетување кон Париз во 06:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:25 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер со попатна панорамика на Париз (90 km). Сместување во хотел. Слободно време за одмор а во попладневните часови пешачки разглед на Париз со локален водич (со доплата).По завршување на разгледот следуваат индивидуални прошетки и враќање во хотел.Ноќевање.
2 ден (18.11.2023 - сабота) | Париз – Лувр
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр следува индивидуално шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) заедно со пратителот на групата...Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Шетаме, се одмараме, се враќаме назад во хотел.Ноќевање.
3 ден (19.11.2023 - недела) | Версај - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден (20.11.2023 - понеделник) | Париз - Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 10:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 12:40 часот.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 429 €
за уплати до 05.10.2023
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
ФАКУЛТАТИВИ
Задолжително пријавување за факултативите во агенција и за реализација 14 патника.
Општи напомени: