САРАЕВО СО ПОСЕТА НА ТЕРМАЛНА РИВИЕРА- МОСТАР (КОЊИЦ -БУНКЕРОТ НА ТИТО,ТУНЕЛ РАВНО,ЈАБЛАНИЦА) - 11 ОКТОМВРИ - AВТОБУС

Информации

Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина.

Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.

Наречен "Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“, е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри(1984).

Галерија

Ценовник и Услови

Прв ден: 10.10.2024 (Четврток) Кавадарци – Сараево

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден:11.10.2024 (Петок ) Сараево

Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на: градската куќаЛатинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство,катердалата Срце ХристовоСоборната црква Св. ТројцаГази Хусрефбегова и Царската џамија,Башчаршијамостовите….Смесување во хотел.

*Можност за факултативан посета на термална ревиера во хотел Хилс 5*.(патниците треба да имаат купачи костими и влечки за да ја користа ова факултатива)

Ноќевање.

 Трет ден: 12.10.2024 (Сабота) Сараево ,Бункер на Тито,Јабланица, Мостар ,Сараево.

Појадок.

По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот- атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мостулицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.

Во попладневните часови враќање кон Сараево.

Ноќевање.

 Четврти ден: 13.10.2024 (Недела) Сараево, Босански Пирамиди, Вишеград, Кавадарци

Појадок.

Напуштање на хотелот. Факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот - Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечинатана Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот 'Равно 1'' во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.

***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот.

Заминување кон градот Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“на Иво Андриќ.Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град''познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.

Враќање кон Македонија со попатни паузи.

 

Петти ден: 14.10.2024 (Понеделник) Сараево-Кавадарци

Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ за резервација и уплата до 15.09 –

99 евра / 6138 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 115 евра / 7.130 денари

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел Терех  3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
  • Разгледување на Сараево со локален водич;
  • Разглед на Андрич град;
  • Придружник на групата.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
  • Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* (везница и превоз) –10евра (620 ден.) - миниум 10 патници;
  • Полудневен излет до Мостар (разглед + Јабланица + посета на Бункерот на Тито) – 50 евра - минум 35 патници;
  • Постета на Босански Пирамиди - 25 евра (миниум 30 патници);
  • Туристичка такса 2 евра - се плаќа во агенција;
  • Босански пакет (Термална ривиера Хотел Хилс 5* + Мостар и разглед + посета на Бункерот на Тито + Босански Пирамиди) - 75 евра.

 

НАПОМЕНИ:

  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
  • За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
  • Може да се патува и со лична карта;

 

***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Травеликс Травел и СКТМ.