Вила Амос - Калитеа

Информации

КАЛИТЕА - ЛЕТО 2025

Калитеа или во буквален превод (добар поглед) е опкружена со шуми и зеленило лоцирана на ридот над тиркизното море, на не повеќе од 100 метри до прекрасна долга плажа со ситен бел песок добитник на плаво знаме за чистота збогатена со модерни луксузно опремени кафулиња и барови кои се умерено поставени и прекрасно се вклопуваат во амбиентот кои ја прават Калитеа права дестинација за хедонистички одмор. Постепениот пристап во море и благата транзиција од плитко во длабоко ја прави оваа дестинација погодна за сите возрасти.

Во Вила Амос, ќе бидете во центарот на случувањата бидејќи се наоѓа на главното шеталиште на Калитеа и на само 3 минути пешки од својата фамозна плажа до која имате пристап БЕЗ СКАЛИ. Амос има 20 удобни и просторни студија кои се целосно опремени за ваша комплетна удобност и релаксирање. Кујни, бањи, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе ви го направи престојот удобен и безгрижен.

Ценовник и Услови

СЕЗОНА 2025
ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА:

25% НА СИТЕ ТЕРМИНИ ДО 05.07 ЗА 50% УПЛАТА ДО 01.01.2025

ТЕРМИН ОД:

НОЌИ

1/2 Студио

1/3 Студио

1/4

Студио

24.05.2025

7

79

79

139

31.05.2025

7

89

129

149

07.06.2025

7

129

179

189

14.06.2025

7

189

199

319

21.06.2025

7

229

239

339

28.06.2025

7

329

349

409

05.07.2025

7

399

419

469

12.07.2025

7

409

419

499

19.07.2025

7

429

459

529

26.07.2025

7

469

499

579

02.08.2025

7

469

499

579

09.08.2025

7

469

499

579

16.08.2025

7

469

499

579

23.08.2025

7

429

459

529

30.08.2025

7

289

319

369

06.09.2025

7

189

209

349

13.09.2025

7

149

159

209

20.09.2025

7

109

119

179

27.09.2025

7

79

89

129

НАПОМЕНИ:

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во вилата;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

 

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;

* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до најблиското место каде што може да застане автобусот;

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 45 € возрасни (повратен билет)

* 35 € возрасни (eден правец)

* 35 € деца од 2 - 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)